Актуелната енергетска криза и текот на скрининг процесот, како важна фаза во пристапните преговори за членство на земјава во Европската Унија, беа главни теми на денешната средба на шефот на државата Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен во Софија.
Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, тој изразил очекување за помош од Европската Комисија во контекст на европската солидарност во справувањето со енергетската криза.

Шефот на државата истакнал дека земјава е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области, како дел од процесот за пристапување кон Европската Унија.
Пендаровски и Фон дер Лајен денеска во Софија присуствуваат на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ).