Претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи упати апел секој да биде одговорен и свесен за ситуацијата со коронавирусот.
„Сè додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност. Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој вирус или пак во намалување на бројот на болни. Да бидеме одговорни и да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас“,
повика Пендаровски.
Земјава и денеска регистрираше високи бројки со коронавирусот. Има 193 нови заболени и 9 смртни случаи.
*Поврзани вести:
Починаа 9 лица од ковид-19, вкупно 193 нови заболени во земјава
Здравствениот систем се мобилизира за напливот на пациенти со ковид-19
Вториот бран на ковид-19 дојде порано од очекуваното, вели Филипче
Најголем број од починатите од ковид-19 се лекувале дома и предоцна побарале лекарска помош