Денеска, вели тој, треба да се потсетиме и да им се оддадеме почит на сите кои придонеле за поправеден однос кон работниците, но истовремено треба да сме благодарни и на оние кои денес се борат за пристојни услови за работи, соодветни плати и социјална сигурност
Развојот и напредокот на Северна Македонија во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците, вели претседателот Стево Пендаровски во неговата честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
„Затоа, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет. Наша задача е да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавците, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост. Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот“,
вели Пендаровски.
Денеска, вели тој, треба да се потсетиме и да им се оддадеме почит на сите кои придонеле за поправеден однос кон работниците, но истовремено треба да сме благодарни и на оние кои денес се борат за пристојни услови за работи, соодветни плати и социјална сигурност.
*Поврзани вести:
Синдикатите обединети во барањата, но разединети во тајмингот ќе протестираат на Денот на трудот
Ковачевски до работниците за 1 Мај: Во мене и во Владата секогаш ќе имате сојузник