Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство, а ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија
На Генералното собрание на ОН ќе учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи, а од МНР најавија дека и тој ќе има многубројни состаноци на високо ниво. Тој ќе присуствува на средбата со Гутереш, а ќе го проследи и обраќањето на Пендаровски.
Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска од денеска ќе престојуваат во работна посета на САД, каде што ќе учествуваат на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН). В четврток е предвидено негово обраќање на генералната дебата на тема „Градење отпорност преку надеж – закрепнување од ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.
Од кабинетот на претседателот најавуваат дека Пендаровски ќе има средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални состаноци со шефови на држави и премиери кои ќе бидат дел од настанот.
„Претседателот Пендаровски во Њујорк ќе учествува на Виртуелниот глобален самит за борба против ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, како и на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар ‘Низами Ганџави’ на тема ‘Што значат мирот и стабилноста во 21 век?’. Во рамки на активностите во Њујорк, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем, како и со претставници на дијаспората. Претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претставници на ‘Македонија 2025’ и со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк“,
се дел од активностите на Пендаровски најавени од неговиот кабинет.
Неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, пак, ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство. Таа, исто така, ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија и ќе го посети училиште за деца со посебни потреби.
На Генералното собрание на ОН ќе учествува и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, а од МНР најавија дека и тој ќе има многубројни состаноци на високо ниво. И тој ќе присуствува на средбата на Гутереш, а ќе го проследи и обраќањето на Пендаровски.
Во рамки на посетата, како што информираа од МНР, предвидени се средби и со високите претставници на администрацијата на САД и посебен настан за воспоставување дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Филипини.