Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избразана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа
Навраќајќи се на настаните од пред извесно време кога во Собранието имаше трка за мнозинство за гласање недоверба на Владата, Пендаровски вели дека немал дилеми, ниту какви било двоумења на кого да го даде мандатот
Претседателот Стево Пендаровски не смета дека земјава е влезена во бугарско сценарио, ниту една партија да не може да формира мнозинство. Она што е добро, според него, е што политичките случувања се уште се одвиваат во рамки на парламентот, низ процедура.

„До овој момент не сме влезени и не верувам дека ќе влеземе во бугарско сценарио зашто тоа значи дека ниту една од партиите не може да направи мнозинство и мора да се оди на предвремени избори. Мислам дека одолговлекувањето е само зашто најавата на Заев е дека би сакал прво да го избере партискиот лидер, па тој потоа да биде мандатар на новата влада“,
истакна Пендаровски во интервју за Сител.
Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избразана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа.
Навраќајќи се на настаните од пред извесно време кога во Собранието имаше трка за мнозинство за гласање недоверба на Владата, Пендаровски вели дека немал дилеми, ниту какви било двоумења на кого да го даде мандатот.
„Јас бев на чисто што ќе правам во однос на мнозинството. Прво, се гласа недоверба на Влада, па се бира нова со мнозинство од 61 пратеник. Ако ја урнеа Владата со 61 пратеник, ќе беше легитимно на втората по бројност пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ, да и се даде мандатот. Ако останеше тоа мнозинство и кога требаше да се бира новата влада, доволен ќе беше само телефонски повик од лидерот на опозицијата и тука Уставот не остава простор, мора да се даде мандатот на тие што го имаат мнозинството“,
објасни Пендаровски.
Во однос на спорот со Бугарија, Пендаровски смета дека треба да се скоцентрираме на оние кои евентуално ќе направат нова влада. Радев, потсети Пендаровски, во моментов е единствената функционална институција и таква ситуација во Бугарија може да има до 14 декември.