Не можам да замислам да кажуваш дека си претседател на сите, а да има некој над тебе, некој кој ќе ти кажува како да работиш. Таков е случајот со Силјановска и со Мицкоски – рече Пендаровски кој денеска беше во посетата на југозападот од земјава
Кандидатот за претедател на државата поддржаан од коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, пред жителите на село Белчишта и на Вевчани ја пофали сегашната владејачка структура која, според него, не направи крупни стратешки грешки со кои би била загрозена државата, за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога ги делеа граѓаните на две групи, односно на нивни и наши, симпатизери на ВМРО и останати.
„На опозицијата ѝ пречи што Македонија оди напред, кон развиените земји бидејќи ние сме заслужни за тие успеси, а не тие. Тие ја сакаат Македонија само кога се на власт, а ние ја сакаме и кога сме и кога не сме на власт бидејќи таа ни е единствената мајка“,
рече Пендаровски.

Актуелниот претседател воедно и кандидат за шеф на државата поддржан од СДСМ, коментирајќи ја противкандидатката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не ни треба претседател кој има некого над себе.
„Не можам да замислам да кажуваш дека си претседател на сите, а да има некој над тебе, некој кој ќе ти кажува како да работиш. Таков е случајот со Силјановска и со Мицкоски. Овој што ја поддржува, сака да биде и претседател и премиер. Ајде да го промениме Уставот и да му овозможиме да биде и претседател на Собрание истовремено. Барем ќе заштедиме пари, а за ефектите понатаму ќе видиме“,
додаде Пендаровски.