Претседателот на државата Стево Пендаровски ги осуди вчерашните немири во Вашингтон и упадот во американскиот Конгрес. Тој преку Фејсбук порача дека насилството не може да е изговор за поткопување на демократијата.
„Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани“,
напиша Пендаровски.
Честитка, пак, за потврдата на победата на Џо Бајден испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој порача дека очекува поддршка од новата американска администрација за Северна Македонија во интеграцијата во ЕУ.
„Двата дома на Конгресот на САД на заедничка седница ја потврдија победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември во Соединетите Американски Држави. Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира, без оглед на непосредните и моментални предизвици за демократијата“,
напиша Ахмети во честитката до Бајден.