На образованието ми требаат темелни промени., но тоа мора да биде бавно, преку многу дебати меѓу стручни лица, филтрирања, за да се дојде до најдоброто решение, а само голо копирање на некој модел овде тоа ќе биде криво насадено, бидејќи ние имаме локални специфики, вели претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи ги најавите од МОН за реформи во образованието, кои предизвикаа реакции во јавноста, а се однесуваа на спојување на предмети.
„Мене ме изненди она што го видов вчера, и малку ме смири тоа што го чув денес дека се работи за еден иницијален концепт на размислување, а не за готова работа. Ние во бивша Југославија бевме предмет на многу експерименти во образованието – насочено образование, општи гимназии, а потоа и Кембриџ, што е големо промашување и криво ми е што во јавноста не се зборува за тоа, бидејќи нема врска проектот Кембриџ по кој учат децата во Британија и на други места“,
рече Пендаровски во интервју за Канал 5.
Тој потенцира дека на нашето образование му се потребни темелни промени, да се трансформира во согласност со новото време, со новите технологии, барањата на пазарот, но тие, сегде во светот, и во Финска, како што вели, се прават бавно, треба многу дебати меѓу стручни лица, филтрирања, за да се дојде до најдоброто решение.
„Ако само голо се копира некој модел, фински, американски, овде тоа ќе биде криво насадено, бидејќи ние имаме локални специфики. Мора да помине време, дс е вклучат стручната јавност, учителите, професорите експертите и странски и тоа во неколку фази, да не одиме преку трупа, затоа што станува збор, според мене за најважниот сегмент во секоја држава и тоа да не биде недопишано, недоразбрано“,
потенцира тој.
Пендаровски, кој пред да стапи на функцијата беше професор на Американ Колеџ потенцира дека немаме образование како што треба, односно дека нашите ученици меморираат готови факти кои никогаш нема да им требаат, а не учат да решаваат проблеми.
