Шефот на државата вели дека неговиот став е дека за да се одржи лидерска средба, за кој било аспект на тековната политичка криза, е потребна взаемна согласност од власта и од опозицијата
Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново мнозинство, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова мнозинство, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски, како што пренесува МИА.
Во одговор на новинарско прашање за можно одржување лидерска средба, Пендаровски посочи дека неговиот став е дека за да се одржи таква средба за кој било аспект на тековната политичка криза, што започна по вториот круг на локалните избори, е потребна взаемна согласност од власта и од опозицијата“.
Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека, според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е да има 61 пратенички глас за распуштање на парламентот.