Пелоси е највисокиот американски функционер кој досега го посетил Киев, бидејќи е трет во наследната линија за евентуално преземање на функцијата претседател на САД
Претседателката на Долниот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска се сретна со украинскиот претседател, за време на ненајавената посета на Украина.

За посетата информира кабинетот на Зеленски, кој утрово објави фотографии и видео.
На снимката се гледа Пелоси во Киев со делегација од американскиот Конгрес, во која се Џејсон Кроу, Џим Мекговерн и Адам Шиф.

Зеленски и порача на делегацијата дека „сите се добредојдени“.
„Нашата посета е за да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Ние сме посветени да бидеме тука за вас додека не заврши борбата“,
е пораката од Пелоси.
Пелоси е највисокиот американски функционер кој досега го посетил Киев, бидејќи е трета во наследната линија за евентуално преземање на функцијата претседател на САД.