Напаѓачите биле вооружени и барале откуп од 20 илјади евра, пренесуваат српските медиуми
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, по музички настап во ноќниот клуб „Лафајет“, пренесуваат српските медиуми. Напаѓачите, како што се наведува во објавата, вооружени влегле во возилото на Кајмакоски, го врзале и продолжиле да се возат со него, барајќи откуп од 20 илјади евра.
Во снимка објавена на социјалните мрежи, дел од медиумите пренесуват дека имало полициска потера по возилото, кое бегајќи од полицијата удрило во заштитна ограда.

Кајмакоски бил пронајден врзан во возилото, а двајцата напаѓачи успеале да избегаат.
Според информациите во медиумите, полицијата се уште трага по насилниците.
„Областа околу Рума моментално е под целосна блокада. Припадниците на Жандармеријата користат кучиња за помош и најсовремена опрема за термичко снимање во потрагата по бегалците кои, според жртвата, комуницирале на турски јазик. Вишото јавно обвинителство го квалификувало случајот како ’киднапирање’,“
пренeсува Телеграф.
