Во врска со овој случај дел од медиумите пренесуваат реакции од социјалните мрежи каде граѓани коментираат дека додека биле на гробиштата за Задушница, полицајци привеле едно лице за кое се вели дека бил лажен поп

Во саботата, на верскиот празник Задушница, на гробиштата во Ѓорче Петров, полицајци легитимирале лице кое извршувало верски активности.
Од полицијата велат дека по претходно добиена пријава било легитимирано лицето Б. П.
„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б. П., кој извршувал верски активности“,
велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во врска со овој случај дел од медиумите пренесуваат реакции од социјалните мрежи каде граѓани коментираат дека додека биле на гробиштата за Задушница, полицајци привеле едно лице за кое се вели дека бил лажен поп.
