Педесетина албански државјани, кои сезонски работат во нашата земја, денеска беа вратени од граничниот премин Ќафасан.

Од МВР велат дека причина за враќање на албанските државјани е заради „неподнесување соодветна документација со која би ги оправдале целта и условите за престој“.
„Денеска 09.07.2021 година во периодот од 06.00 до 10.00 часот на Граничниот премин Ќафасан при извршена гранична контрола од страна на Одделение за прекуграничен криминал, странци и реадмисија во содејство со полициските службеници од полициската станица за граничен премин Ќафасан при РЦ Запад, заради неподнесување соодветна документација со која би ги оправдале целта и условите за престој на 42 државјани на Република Албанија им е одбиен влез во Република Северна Македонија. Еден од нив за кратко по одбиениот влез илегално ја преминал државната граница, за што во консултација со Основен суд Струга Изречена му е мерка протерување од државата и забрана за влез во Република Северна Македонија“,
велат од МВР
Пред неколку дена четириесетгодишен работник од Албанија загина во Охрид. Тој со тешки повреди од работното место бил пренесен во болница, но по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.