Дваесет и шест кривични пријави и 856 опомени за угостителски субјекти деновиве изрекол Државниот пазарен инспекторат поради кршење на протоколите за заштита од ковид-19.
Директорот Инспекторатот Стојко Пауновски апелираше и граѓаните и угостителите да се придржуваат до мерките за да може набрзо да се олеснат протоколите за работа.
На прашењето какви измени предлага Инспекторатот, Пауновски не одговори конкретно, но вели дека ако сите бидат совесни наскоро слободно ќе може да се оди во ресторани и кафулиња.
„Јас секогаш кажувам дека Државниот пазарен инспекторат не е тој кој одлучува за олеснување на мерките, ние имаме функција да вршиме надзор. Но, бидејќи сакаме да имаме фер однос со угостителите, барем за позитивните примени, сакаме заедно дел од она што може да се примени како предлози од наша страна, преку министерствата да се достават до Владата. Дел од предлозите може да бидат прифатени дел не. Таму каде што може да има олеснување ќе има. Ако совеста на граѓаните и угостителите биде на завидно ниво, сите овие протоколи бидете сигурни дека во најбрз можен рок ќе претрпат измени и ќе можеме сите слободно да одиме и во ресторани и во кафетерии и секаде. Сѐ зависи од нашето однесување“,
порача Пауновски
Пауновски и претходно посочи дека дел од протоколите за работа на угостителските објекти се неприменливи, како легитимирањето, една маса за едно семејство и отвореноста на терасите од три страни.
