По речиси десет часа регионалниот пат Росоман – Прилеп кај местото викано „Трите ленти“ е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ.
Изведувачот на патот, кинеската компанија „Снохидро“ речиси десет часа работеше со механизација за расчистување на затрупаниот пат.
Од 6 часот утринава сообраќајот кон Плетвар беше во прекин, поради обилно надојдена вода и големи одрони.