Одлуката ја објави Владата на Холандија по препорака на Советот на ЕУ да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји, на чии граѓани треба да им биде дозволено да патуваат во ЕУ
Патниците од Македонија, како и од Србија, Албанија, САД, Либан и Тајван можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања, пренесува веб-страницата „Шенген виза инфо“. Како што се наведува, тоа значи дека патниците од овие шест земји нема да мора да прикажат негативен тест за коронавирусот или потврда за вакцинација и нема да мора да одат во карантин.
Одлуката ја објави Владата на Холандија по препорака на Советот на ЕУ да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји, на чии граѓани треба да им биде дозволено да патуваат во ЕУ.
Сепак, оние што доаѓаат во Холандија со авион, ќе мора да пополнат здравствена изјава, која некои авиокомпании дозволуваат да бидат пополнети во дигитален формат.
„Ако доаѓате од земја во која ризикот од заразување со ковид-19 е мал (безбедни земји), не мора да прикажувате негативен резултат од тест кога патувате во Холандија. Исто така, не мора да бидете во самоизолација по пристигнувањето“,
објави холандската владата.