Овој проблем настана со зголемувањето на пензиите од март годинава, кога минималната пензија го достигна прагот од 18 292 денари, додека лимитот за болничко лекување сè уште е 18 000 денари. Со тоа, како што велат од партијата, ниту еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување, што најмногу ги погодува оние со најниски пензии и нивните семејства
Партијата на пензионерите ѝ укажува и бара од Владата итно да го зголеми номиналниот лимит за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии.

Овој проблем настана со зголемувањето на пензиите од март годинава, кога минималната пензија го достигна прагот од 18 292 денари, додека лимитот за болничко лекување сè уште е 18 000 денари. Со тоа, како што велат од партијата, ниту еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување, што најмногу ги погодува оние со најниски пензии и нивните семејства.
„Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време имаме и највисоки цени на лековите во регионот“,
се вели во соопштението од Партијата на пензионерите.
Поради тоа, пензионерите бараат од следната година да се зголеми лимитот до кој нема да плаќаат за партиципација за болничко лекување и тој да изнесува 25 000 денари, а во иднина да биде врзан со висината на минималната плата.
