Парискиот весник „Либерасион“ во своето викенд издание се осврнува на блокираниот пат на Северна Македонија кон Европската Унија, посочувајќи дека и покрај напредокот, земјата остана пред вратите на ЕУ.
„Од 2017 година, оваа мала балканска земја е вклучена во процес на либерални реформи, но Грција, потоа Франција и сега Бугарија одбија да и дозволат да го започне својот процес на приклучување кон Европа, п
пренесува „Либерасион“.
Според анализата на весникот, ова блокада од страна на Бугарија се должи и на претстојните парламентарни избори во оваа земја, јави дописникот на МИА.

„Во Европа, Северна Македонија е земја што најмногу се подобрува во однос на слободата во 2020 година, ова е според извештајот на Фридом Хаус, објавен на 3 март. Американската невладина организација годишно го проценува степенот на јавни слободи и политички права по држава, што ги составува во „скор на слободата“. На картата објавена од Фридом Хаус, Северна Македонија се издвојува по својата светло зелена боја, што укажува на рејтинг зголемен за три поени. Пред сè, тоа покажува напредок во однос на изборниот процес и функционирањето на владата. Невладината организација продолжува да ја рангира меѓу „делумно слободните“ земји со резултат 66/100 (потребно е да се добијат повеќе од 70/100 за да се квалификува како „слободна“), но земјата е во контраст со соседите, сите во регресиј“,
нагласува париски „Либерасион“.
Мотивирана од аспирацијата за членство во Европската Унија (ЕУ), пишува весникот, Владата на Зоран Заев презема амбициозни реформи, од кои најзначајна е промената на името на земјата. Во февруари 2019 година, Македонија станува Северна Македонија и со тоа решава дваесет и седумгодишен спор со соседна Грција.
„По договорот, Атина го укина ветото за членството на земјата во ЕУ. Но, во октомври 2019 година, Франција од нејзина страна се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија. Позицијата на Париз тогаш беше критикувана од неколку европски канцеларии, кои го нагласуваа и напредокот на земјата во однос на почитувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Франција конечно го укина ветото во март 2020 година, условувајќи го со реформа на процесот на пристапување. Но, од ноември, Бугарија е таа што стои на патот на Северна Македонија. Сепак, потребно е едногласноста на дваесет и седумте да започнат преговорите за членствоБојко Борисов, шефот на бугарската влада, одлучи да стави вето неколку месеци пред изборите, што ќе се одржат во март во неговата земја, повикувајќи се на историски спорови: јазикот, националниот идентитет, или наследството на хероите од ХХ-от век“,
пишува во анализата на весникот.
Во Софија во моментов има коалиција меѓу популистичката десница и ксенофобичната крајна десница, која беше ослабена од многу големата социјална мобилизација помеѓу јуни и октомври. Владата одговори со уште пожесток патриотски говор “, анализира политикологот Надеж Рагару за „Либерасион“.
Патот на Македонија кон ЕУ сега е блокиран од земја впуштена во однесување, кое понекогаш е квалификувано како авторитарно – невладината организација Фридом Хаус на Бугарија и го намали резултатот за два поени, пишува „Либерасион”.
Во исто време, Северна Македонија не престана да оди подалеку во компромисот со својот бугарски сосед, вели Рагару.
„Од разочарувањата од членството во 2004 и 2007 година, европските играчи се многу построги.Но, влогот вели лежи повеќе во асиметријата на третманот помеѓу старите членки на Унијата и новите. Од причини на културализмот, имаме тенденција да ги гледаме подобро дисфункциите во државите кои неодамна се приклучија на ЕУ отколку кај историските членки“,
вели Рагару
Кај Македонците, оваа серија разочарувања се претвора во одредена одбивност, нагласува на крајот „Либерсасион“.