Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио беше убиен завчера за време на предизборен собир
Папата Франциск го осуди атентатот на претседателскиот кандидат на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на помалку од две недели пред претседателските избори, и повика на прекин на политичкото насилство во јужноамериканската земја.
„Соочени со страдањата предизвикани од неоправданото насилство, кое безрезервно го осудува, Неговата Светост ги повикува сите граѓани и политички сили да се обединат во заеднички напори за мир“,
се вели во телеграмата со сочувство на Ватикан испратена до надбискупот Алфредо Хозе Еспиноза Матеус во еквадорскиот главен град Кито.
Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио беше убиен завчера за време на предизборен собир.
Член на неговиот предизборен тим за локалните медиуми изјавил дека претседателскиот кандидат бил нападнат додека се качувал во автомобилот. Во тој момент човек се доближил до него и го застрелал во главата.
Локалните медиуми објавија дека биле испукани околу 30 истрели.