Причината за смртта на папата Франциск е објавена на официјалната веб-страница на Светата Столица во рамки на медицинскиот извештај потпишан од страна на директорот на Дирекцијата за здравство и хигиена на Ватикан, професор Андреа Арканџели
Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар и срцева слабост, соопшти вечерва Ватикан.

На официјалната веб-страница на Светата Столица вечерва е објавен медицинскиот извештај во кој е наведена причината за смртта на папата Франциск, кој почина утринава во 7:35 часот на 88-годишна возраст. Извештајот е објавен од страна на директорот на Дирекцијата за здравство и хигиена на Ватикан, професор Андреа Арканџели.
Во извештајот се наведува:
„Со ова потврдувам дека Неговата Светост Франциск Хорхе Марио Берголио, роден во Буенос Аирес, Аргентина, на 17 декември 1936 година, со живеалиште во Ватикан, граѓанин на Ватикан, починал во 7:35 часот наутро на 21.04.2025 година во неговиот стан во Домус Санктае Мартае (Ватикан) од мозочен удар, кома, неповратлив кардиоваскуларен колапс“.