Тој неодамна имал и онлајн средба со поглаварот на Руската православна црква кој 20 минути му ги читал на папата оправдувањата за руската агресија врз Украина
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, понудил да отпатува во Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, но засега од Кремљ нема одговор.
Во интервју за италијанскиот весник „Кореире дела сера“, папата потврди дека ваква порака до официјална Москва испратил 20 дена по руската инвазија на Украина, преку првиот дипломат на Ватикан.
Ова е првпат од почетокот на војната пред повеќе од два месеци папата да ја спомене Русија и јавно да го именува Путин, иако досега упатуваше пораки за мир.
Во интервјуто папата открива и дека неодамна имал 40-минутен разговор на „Зум“ со поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил. Патријархот ја поддржал војната и, според изјавата на папата, првите 20 минути од онлајн средбата ги минале читајќи ги оправдувањата за руската агресија.
Photo: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI