Детскиот труд е ропство кое ги лишува девојчињата и момчињата од нивното детство, изјави денеска папата Франциск и ги повика владите да преземат чекори за да ги заштитат.
Тој посочи дека во оваа криза, во многу земји децата се принудени да вршат работи што не одговараат на нивната возраст, со цел да им помогнат на нивните сиромашни семејства пренесува АНСА.
„Во многу случаи, тоа е форма на ропство и притвор. Ги повикувам институциите да направат сè што можат за да ги заштитат малолетните лица“,
рече поглаварот на Римокатоличката црква.