Според Пановски првите мерки кои треба да се преземат за сузбивање на сојот омикрон се заострување на мерките за влез во државата

Микробиологот д-р Никола Пановски во своето гостување во емисијата „Тема на денот“ во телевизија Сител, истакна дека сојот Омикрон, најновата варијанта на ковид-19, најверојатно веќе е присутен во земјава и треба да се преземат мерки.
„Не треба да се ризикува за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција вчера воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би бвовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат во земјава“,
изјави Пановски, истакнувајќи оти прва мерка за сузбивање на омикрон треба да бидат ограничувања на граничните премини и аеродромите.
Зборувајќи за учениците, Пановски вели дека е потребно распустот да започне порано годинава.
„Доцна е за онлајн настава, но не е доцна учениците да се пуштат порано дома, односно од следниот понеделник“,
смета Пановски.