Смешен си господине, за фудбалерите треба споменици, а не пасоши, порача легендата на македонскиот фудбал

Откако шефот на дипломатијата Бујар Османи им даде дипломатски пасоши на двајца фудбалери, Александар Трајковски и Енис Барди, и на селекторот Благоја Милевски, поранешниот репрезентативец и капитен Горан Пандев му порача да си ја гледа политиката и да ги остави хероите да уживаат.
Пандев пораката ја испрати преку објавување „стори“ на Инстаграм со фотографија од Османи и неговото ветување дека ако ја победат Португалија сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасош.
„Смешен си господине, и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“,
порача Пандев.

Фудбалерите на 24 март го победија актуелниот европски првак Италија на гостински терен и се пласираа во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар годинава. Финалниот меч од баражот тие ќе го одиграат утре во Порто, против Португалија.