Во моментот активни се 24 950 778 случаи, при што најмногу (99,6%) се со лесна клиничка слика, додека помалку од 0,5 отсто или 111 436 лица се во тешка состојба
Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 до денеска во светот се инфицирале 94 315 331 лица, а во моментот активни се 24 950 778 случаи, се наведува на сајтот на „Ворлдометерс“.
Од последици од ковид-19 починале 2 017 913 луѓе, а со болеста досега се справиле 67 346 640.
Најголем број од активните над 24 милиони случаи со ковид (99,6%) се со лесна клиничка слика, додека помалку од 0,5 отсто или 111 436 лица се во тешка состојба.

Најголем број заразени има во САД – над 24 милиони луѓе, потоа следи Индија со над 10,5 милиони, Бразил со повеќе од 8,3 милиони, потоа Русија со над 3,5 милиони и Велика Британија со над 3,3 милиони заразени луѓе.