„Туркиш ерлајнс“ во една недела има просек од 797 лета на ден, за разлика од „Луфтханза“ која има двојно помалку
Според извештајот за воздушен сообраќај за периодот од 29 март до 4 април, објавен од Еуроконтрол, турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги надмина своите европски конкуренти во просек со 797 лета на ден.

Потоа следува „Луфтханза“ со 382 лета, „Ер Франс“, со 380 лета, „Рајанер“ со 312 лета, „Пегасус“, турска нискобуџетна авиокомпанија со 297 и холандската КЛМ со 272 лета.
Според извештајот, европските авиокомпании имале вкупно 76 477 лета оваа недела.
„Туркиш ерлајнс“ со недели е на врвот во Европа според бројот на извршени летови.
