Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека ѝ наредил на војската силно да одговори во градот Кабатија, на Западниот Брег, од каде што, според него, дошол напаѓачот, за да се спречат понатамошни напади

Палестински напаѓач денеска во северен Израел, прво со автомобил прегази маж и потоа излезе и со нож и избоде жена, убивајќи ги двајцата, соопштија израелските служби за итни случаи.
Напаѓачот од окупираниот Западен Брег беше ранет од цивил на местото на настанот и беше префрлен во болница, објави израелската полиција.
„Ова беше терористички напад“,
додаде полицијата.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека ѝ наредил на војската силно да одговори во градот Кабатија, на Западниот Брег, од каде што, според него, дошол напаѓачот, за да се спречат понатамошни напади.
Израелската војска соопшти дека се подготвува за операција во областа.
Израелските служби за итни случаи соопштија дека во нападот е повреден и тинејџер, а дека маж и жена се прогласени за мртви на местото на настанот откако лекарите не успеале да ги реанимираат.
