Пакистанец на возраст од 103 го победи коронавирусот и стана еден од највозрасните лица во светот го победиле коронавирусот, и тоа во земја со слаб здравствен систем, пишува „Ројтерс“.

Азиз Абдул Алим, кој живее во село кај тромеѓето меѓу Пакистан, Кина и Авганистан, добил позитивен резултат на тестот за ковид-19 на почетокот на јули и наредните три недели ги поминал во болница, по што е отпуштен.
„Сите бевме загрижени за него со оглед на неговата возраст, но тој воопшто не беше загрижен“,
изјавил неговиот син во телефонски разговор со редакцијата на „Ројтерс“.
Пакистан е земја која досега регистрираше 270 000 случаи на заразени со ковид-19 и 5 763 смртни случаи.