Четворица напаѓачи се убиени во оружен напад што се случил врз берзата во пакистанскиот град Карачи, објави весникот „Индијан тајмс“ повикувајќи се на полициски информации.
Нападот бил извршен со гранати и со автоматско оружје. Објектот каде што е сместена берзата се наоѓа во силно обезбедувана зона каде што се наоѓаат седиштата на голем број приватни банки.
„Четворицата напаѓачи кои се убиени дошле на местото на нападот со автомобил“,
изјавил за Ројтерс шефот на полицијата на Карачи.
Засега нема информации дали има и други жртви или напаѓачи кои се во бегство.