Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани повеќе од 100 000 заразени со ковид-19 и дека болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти.
Владата утрово соопшти дека има 103 671 заразени, а до вчера починале над 2 000 лица.
Како што пренесуваат странските агенции, бројот на заразени лица беше значително потценет поради недоволниот број прегледи, така што министерот за здравство на провинцијата Кибер-Пактунква кон крајот на мај изјави дека бројот на заразени лица е десет пати поголем од официјалните податоци.
Сепак, стапката на смртност, која иако постојано се зголемува, е мала во споредба со лошите здравствени капацитети.
Во моментов, речиси 1 400 пациенти се во критична состојба, а голем број болници немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти.
„На болниците им недостигаат кревети. Нема доволно ниту респиратори“,
соопшти претседателот на Здружението на млади лекари во Пенџаб, Кизер Хајат.
Во Карачи болниците почнале да ги враќаат пациентите.
Премиерот Имран Кан од почетокот на пандемијата се спротивстави на затворањето на градовите, со што се овозможува спасување на луѓето од коронавирусот, но не и од умирање од глад.
Тој на почетокот на јуни најави укинување на сите мерки воведени на почетокот на март во Пакистан.