Пакистан ги блокираше популарните апликации за запознавање и барање на партнери „Тиндер“ и „Гриндр“, како и дополнителни вебстраници за истата намена. Властите велат дека тие се со непристојни содржини, а размислуваат да го ограничат и пристапот до Јутјуб.
Пакистанската управа за телекомуникации преку соопштение објави дека покрај „Тиндер“ и „Гриндр“, во земјата се забрануваат за користење и „СејХај“, „Тагд“ и „Скаут“ бидејќи не одговориле на барањата на земјата да се ублажат содржините согласно пакистанските закони.
Пакистанските власти веќе испратиле барања и до Јутјуб да ги отстрани видеата кои ги сметаат за непристојни на кои има голотија или говор на омраза.
Меѓу апликациите кои се блокирани во оваа земја се и „ТикТок“, „Биго лајв“, како и една видеоигра.
Борците за право на избор и слобода на изразување велат дека доколку возрасните одлучат да користат одредена апликација, државата не треба да им ја забранува.
„Моралната полиција е неморална. Го судуваме ова мешање во приватноста на луѓето“,
вели Шахзад Ахмад, директор на апликацијата „Бајтс фор ол“ и борец за човекови права.