Компаниите и физички лица, со јавување во кол- центарот, ќе можат да добијат информации за можноста за користење на економски и други државни мерки
Владата, на вечерашната седница, донесе одлука да ја обнови работата на контакт-центарот за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од ковид- 19.
Како што информира владината прес-служба, компаниите и физичките лица, со јавување на телефонските броеви на кол- центарот, ќе можат да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со ковид-19.
