Вработените во ЦУК ги известиле екипите на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, кои веднаш интервенирале за да го расчистат теренот од паднатото дрво и овој дел од улицата да може да биде активен за сообраќај
Синоќешното невреме со силен дожд и ветер во главниот град предизвикало да паднат дрвја во неколку населби.
Еден од случаите за кои информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) е за паднатото дрво во скопска Автокоманда, кое блокирало дел од главната улица „Александар Македонски“ во оваа населба.

„На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК стигнала пријава дека паднато дрво блокирало дел од улицата ‘Александар Македонски’ на делот близу паркингот на влезот на фабриката ‘Железара и железарија Јоле‘ во населбата Автокоманда“,
се вели во соопштението од ЦУК.

Оттаму ги известиле екипите на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, кои веднаш интервенирале за да го расчистат теренот од паднатото дрво и овој дел од улицата да може да биде активен за сообраќај.