Назначувањето на нов премиер е обврска на претседателката на Словачка, Сузана Чапутова, а една од опциите е да се распишат вонредни избори, но за тоа е потребна поддршка од две третини од пратениците. Чапутова може да побара од владата на Хегер да продолжи да работи со намалени овластувања до евентуалното одржување на вонредни избори
Пратениците од словачкиот парламент на 15 декември ѝ изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до предвремени избори во земјата. За смена на малцинската влада, која се состоеше од три партии, гласаа 78 од 150 парламентарци, односно двајца повеќе од потребното.
Либералната партија Слобода и солидарност, која иницираше гласање за доверба на владата, ја напушти владата во септември, обвинувајќи ги своите поранешни партнери за неспособност и недоволно агресивна борба против корупцијата.

Назначувањето на нов премиер е обврска на претседателката на Словачка, Сузана Чапутова, а една од опциите е да се распишат вонредни избори, но за тоа е потребна поддршка од две третини од пратениците.
Чапутова може да побара од владата на Хегер да продолжи да работи со намалени овластувања до евентуалното одржување на вонредни избори.
Редовните избори во Словачка треба да се одржат во февруари 2024 година.