Според премиерот, пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција, согласно со најдобрите европски стандарди и практики
Со решенијата во законот за попис, операцијата ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно најдобрите европски стандарди и практики за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање.
Ова во интервју за МИА го изјави премиерот Зоран Заев, кој најави дека пописот во земјава ќе се спроведе во април, иако опозицијата бара негово одложување.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да ги почитуваат резултати од пописот, бидејќи според нив власта спроведува пописен инженерениг и најавуваат нов попис, кои ќе го спроведат тие, кога ќе дојдат на власт.
„Пописот не е и нема да биде политичка операција, како што сака ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ, со барањата и амандманите на законот сака да го направи пописот политички инструмент. На пример, едно од барањата на опозицијата повторно да се вратиме на Државна пописна комисија со членови од политички партии, во ист формат како комисијата од 2011 година која беше главна причина зошто имавме неуспешен попис“,
нагласи Заев за МИА.