Овој датум не е само дел од историјата на државата, туку и обврска да ја зачуваме и понатаму да ја унапредуваме визијата за современа држава насочена кон мир, напредок и евроатлантска интеграција, вели собранискиот спикер во честитката по повод Илинден

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод државниот празник Илинден, во свое име и во име на пратениците. Тој вели дека Денот на Републиката претставуваат темел на заедништвото и на
институциите на државата.
Овој датум не е само дел од историјата на државата, додава тој, туку и обврска да се унапредува визијата за современа држава насочена кон мир, напредок и евроатлантска интеграција.
„Нека овој ден биде поттик за размислување за заедничкиот пат што го изградивме како држава и како општество, како и за понатамошно охрабрување на меѓусебното разбирање, соработка и посветеност кон доброто на татковината, без разлика на етничките, верските или политичките разлики“,
вели Гаши.
Претходно медиумите јавија дека поради здравствени причини собранискиот спикер нема да присуствува на манифестации за одбележување на празникот.
Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, ќе предводи собраниска делегација во Пелинце и во манастирот „Прохор Пчињски“.
Со низа свечености и манифестации денеска ќе биде одбележана 122-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 81 години од првото заседание на АСНОМ.