Во интервју за Националниот сервис, американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер рече и оти САД е секогаш тука да работи заедно со земјава за постигнување на овие цели
Ова е земја за која искрено го посакувам најдоброто, тука има многу потенцијал и навистина би сакала да ги видам сите граѓани, особено младите, како го остваруваат тој потенцијал – рече американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Македонската радио телевизија.

Таа вели и оти САД се секогаш тука да работат заедно со земјава за да се постигнат тие цели, и да се осигураат дека тоа ќе биде успешно. Во интервјуто, Агелер говори и за времето поминато во земјава како амбасадорка и нејзиното искуство и впечатоци во овие три години во кои таа ја извршува оваа функција.
Целото интервју може да го погледнете тука.