Во август, Пентагон ја прогласи вакцинацијата за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници добија најмалку една доза
Воздухопловните сили на САД објавија дека 27 припадници на службата биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против коронавирус.
Во август, Пентагон ја прогласи вакцинацијата за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници добија најмалку една доза.
Портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек рече дека војниците добиле можност да објаснат зошто одбиле да се вакцинираат, но сите добиле откази.
Околу 97 проценти од персоналот на воздухопловните сили е вакциниран против коронавирус, бројка многу поголема од општата популација на САД. Воздухопловните и вселенските сили имаат околу 326 000 активни вработени.
Вкупно 79 војници во различни служби починаа од коронавирус.
Соединетите држави достигнаа 800 000 смртни случаи како последица од коронавирусот од почетокот на пандемијата.