Според МВР, утврдено е дека тестовите биле набавени кај лице од Струмица, по цена од по 1 000 денари
Фалсификувани ПЦР тестови пронашле полициски службеници од СВР Куманово, од Одделот за криминалистичка полиција при отсекот за економски криминалитет, при контрола на автобус на туристичка агенција.
Како што е соопштено, од вкупно 50 патници кои се превезувале во автобусот, кај 19 се откриени фалсификувани ПЦР тестови. Автобусот превезувал патници од Северна Македонија кон Германија.
По извршените проверки, констатирано е дека станува збор за фалсификувани ПЦР- тестови што патниците ги набавиле од едно лице од Струмица, по цена од 1 000 денари по тест, информира МВР.
Од МВР додаваат дека, по комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.