Делото било откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот бил предаден на Одделението за истраги, од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно се донесени и решенија за дополнителна наплата
Царинската управа открила обид за царинска измама поврзана со увоз на додатоци на храна, при што било спречено неплаќање давачки во вкупен износ од 622 000 денари.

„Кривична пријава за сторено кривично дело царинска измама со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622 492 денари. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки“,
соопшти Царинската управа.
Делото, како што се додава во соопштението, било откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот бил предаден на Одделението за истраги, од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.
Од Царинската управа велат дека ќе продолжат со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.