Тројца кумановци откопале гроб на градските гробишта во Куманово, а Основното јавно обвинителство сега ги гони за кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, се работи за двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години кои делото го сториле заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври,
„Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ. Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле“,
велат од обвинителството.