„Сакам да му се заблагодарам на Иран што нѐ извести предвреме, што овозможи да нема загубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мирот и хармонијата во регионот, а јас со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото“, напиша американскиот претседател на неговата социјална мрежа Трут соушл
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија написи на социјалната мрежа Трут соушл откако Иран ја бомбардираше американската воена база „Ал-Удеид“ во Катар.

Сепак, за многу слаб го оцени иранскиот напад врз американските бази во Катар и Ирак.
„Иран официјално одговори на нашето уништување на нивните нуклеарни постројки со многу слаб одговор, што го очекувавме. Беа испукани 14 проектили – 13 беа соборени, а еден беше ослободен, бидејќи одеше во насока што не претставува закана“,
напиша Трамп.
Посочи дека ниту еден американски или катарски државјанин не е повреден во иранскиот напад врз американските бази и дека речиси и да не е направена штета на бомбардираните подрачја.
„Сакам да му се заблагодарам на Иран што нѐ извести предвреме, што овозможи да нема загубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мирот и хармонијата во регионот, а јас со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото“,
вели американскиот претседател.
На крајот на сите овие објави на Трут соушл, Трамп објави невообичаена, но кратка реченица:
„Му честитам на светот, време е за мир!“
Иран изврши ракетни напади врз американска воена база во Катар.
Според Катар, неговата воздушна одбрана успешно ги пресретнала иранските ракети.