Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со написи во странски медиуми упати повик до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија
„Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност. Ваквите изјави, за жал, се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата“, вели шефот на дипломатијата во реакцијата на социјалните мрежи
Во целост ја отрфлам дезинфомацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле каков било договор со Велика Британија за прифаќање мигранти.
Ова е реакцијата, односно одговорот на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска беше прозван од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да каже дали двете држави разговарале за прифаќање мигранти од страна на земјава.

„Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера“,
вели Муцунски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Ваквите шпекулации, како што наведува тој, се неосовани, штетни и служат исклучиво за дневнополичтки поени.
„Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност. Ваквите изјави, за жал, се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам“,
пишува Муцунски во реакцијата.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со написи во странски медиуми упати повик до министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.
Лидерот на СДСМ ова го кажа коментирајќи текст објавен во „Политико“, а во кој се вели дека Велика Британија е сè поблиску до договор за отворање центар за враќање мигранти во една земја од Западен Балкан.
„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. Тука многу сериозно Владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцунски да каже дали разговараат за тоа да се носат мигранти во нашата земја“,
изјави Филипче.
Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои Владата ги зеде од Велика Британија пред неколку месеци.
„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа некаква врска со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е Владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“,
рече Филипче.

Претседателот Филипче пред новинарите, исто така, рече дека СДСМ подолго време наназад ги следи публикациите кои излегуваат во британските медиумиа, во кои се говори за тенденции на британската влада во Македонија, но и во околните земји да лоцира места за изградба на мигрантски кампови.
Засега, како што рече Филипче, ваквите наводи се на ниво на шпекулации, но Владата мора да даде одговор во врска со тоа.