Детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип
Осумгодишно дете од село Конче е тешко повредено по удар од автомобил. Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне околу 18 часот на регионалниот пат Радовиш-Конче, на влезот во истоименото село.

„Патничко возило ‘тојота’ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од село Конче, Општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето“,
Повредите на детето се констатирани во Клиничката болница Штип, а на местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на ОВР Радовиш.
