Полицијата уапсила 27-годишен скопјанец поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Настанот се случил во петокот, а полицијата информира денеска.
Имено, на улица „Бојмија“ пријавениот од 61-годишна скопјанка одзел златен ланец што го носела.
Полицијатијата извршила службен разговор со осомничениот, во кој тој го признал кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената.
„Известен бил јавен обвинител. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано било дека пријавениот, златниот ланец го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што ланецот бил одземен и вратен на оштетената. Од страна на Судија на претходна постапка, на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена“,
соопшти полицијата.
