И од СДСМ го осудија инцидентот како обид за предизборни тензии меѓу граѓаните, а од ДУИ, пак, побараа оставки од функционери на ВЛЕН
Испадите со ксенофобичен говор се од една многу мала група граѓани, кажа денеска од партиска говорница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој посочи дека синоќа лично присуствувал на кошаркарски натпревар во Куманово, на кој, пред владина делегација, имало антиалбански скандирања.
„Во тој контекст, осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза, без оглед од чија страна доаѓаат. Таквите злоупотреби одат во корист на сите политички струи и структури, кои со децении водат политика на омраза едни кон други. Национализмот и говорот на омраза е најдобрата одбрана на криминалот на структурите кои со години ги злоупотребуваат меѓуетничките односи и гледаат шанса за спас за кариерите и нивната егзистенција во политиката. Нашата цел е да се обединиме за напредокот и заедничката иднина на Македонија“,
изјави Петрушевски.
Фотографии од вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Романија објави и премиерот Христијан Мицкоски, на кои фо него е градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Покрај нив, натпреварот го следеле и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, како и други високи државни претставници.

Од СДСМ го осудија инцидентот како обид за предизборни тензии меѓу граѓаните, а од ДУИ, пак, побараа и оставки од функционери на ВЛЕН.
ВЛЕН возвратија дека во минатото имало многу трагедии кои ги засегале и Албанците, но, како што посочија оттаму, во ниту една ситуација немало оставки на функционери од ДУИ.