Тој уште нагласува оти Охрид бара лидерство и конкретни дела, како и дека посетата е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за Охрид како национално културно и природно богатство

Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион како светско културно и историско наследство заштитено од УНЕСКО, вели градоначалникот Кирил Пецаков во објава на својот фејсбук-профил.
Пецаков, кој, како што вели, е првиот градоначалник на Охрид кој остварил средба со генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.
„Моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита, дека се работи на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на Листата на УНЕСКО. Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап“,
вели Пецков.
Тој уште нагласува оти Охрид бара лидерство и конкретни дела, како и дека посетата е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за Охрид како национално културно и природно богатство.
За време на средбите, како што вели Пецаков, била потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот.
