Односите со регионот и епидемиолошката состојба ќе бидат главни услови
И покрај зголемениот број заразени со ковид-19 на Западниот Балкан, Европската комисија не ја менува препораката за отворање на границите со регионот, но потсетува дека конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови, јави МИА од Брисел.
Минатата недела Европската Комисија препорача ЕУ да ги отвори границите со Западниот Балкан од први јули, за разлика од другите земји надвор од ЕУ, за кои рестрикциите за патување во Унијата треба да се укинат постапно.
Оваа препорака за регионот останува, изјави портпаролот на Европската комисија, Адалберт Јанз.
„Препораката да се укинат рестрикциите кон Западниот Балкан не е поврзана само со епидемиолошката состојба, туку и за блиската интеграција на ЕУ и нашите односи со регионот, но ние секако од блиску ја следиме епидемиолошката ситуација и одлуката што ќе ја донесат земјите членки до први јули ќе ги земе предвид последните бројки“,
изјави Јанз.
