По преземени дејствија на истражните органи и обезбедените снимки од камерите за видеонадзор, осомничениот е идентификуван и е утврдено е дека се наоѓа во Косово, каде што е приведен од косовските власти. Во оваа насока, ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор во отсуство, врз основа на која ќе биде иницирана постапка за негова екстрадиција
Дваесет и петгодишен турски државјанин М.Т. со престојувалиште во Тетово, осомничен за убиството што на новогодишната ноќ се случи пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, е приведен во Косово.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против него е поднесена кривична пријава поради сомнение дека извршил кривично дело убиство врз А.М.Д. (22) и убиство во обид врз Ч.Е. (23), двајцата од Турција.

На критичната ноќ, осомничениот М.Т. започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е. во кафе-бар во чаршијата, по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот, но бидејќи не успеале да најдат такси се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот локал.
„При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на самото место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото“,
наведуваат од МВР.
По преземени дејствија на истражните органи и обезбедените снимки од камерите за видеонадзор, осомничениот е идентификуван и е утврдено е дека се наоѓа во Косово, каде што е приведен од косовските власти. Во оваа насока, ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор во отсуство, врз основа на која ќе биде иницирана постапка за негова екстрадиција.
Телото на починатиот 22-годишник е дадено на обдукција.
