Се очекува информација од МВР во колку училишта се пристигнати дојави

Дојавите за поставени бомби продолжуваат и денеска. Цел повторно се основни училишта во Скопје и според информациите од неколку родители дојави се стигнати во школото „Љубен Лапе“ во Аеродром и „Гоце Делчев“ во Лисиче.
Децата веќе се пуштени дома.
Потврда дека и денеска се стигнати дојави има и од полицијата и наскоро се очекуваат информации во колку вкупно училишта и каде.
ОБНОВЕНО:
Од МВР потврдија дека досега дојави за бомби се пристигнати на електронските адреси на 18 основни и средни училишта.
Претходно дојави за училишта во основни училишта имаше и пред два дена. Тогаш покрај во основни, закани пристигнаа и во среди школи или вкупно 47 на територијата на Скопје.
Вчера, пак, дојавувачите таргетираа само во средни училишта – 16 во Скопје, како и три трговски центри (ГТЦ, „Ист гејт мол“ и „Сити мол“), МРТВ, Транспортниот центар и „Џевахир сити“.
Во петокот (3 февруари), пак, дојави беа регистрирани во десет средни училишта.
Сите досега се покажаа како лажни дојави.